Што може да се реши со хипнотерапија?

Полесно би било да се каже што не може да се решава. Областа на дејствување е
исклучително широка.
Лично најмногу работам и сакам да работам:
– Анксиозност, фобии, панични напади.
– Слабеење, разни зависности, нарушувања во исхраната.
– Самодоверба, учење, работа…

Област на делување на хипнотерапијата

Анксиозност, Депресија, Фобии и стравови, Панични напади, Пореметувања во исхраната,
Проблеми во односите, Зависности, Недостаток на самодоверба, Проблеми со
концентрацијата, Проблеми со спиењето, Проблеми со учење, Блокади: Хипнотерапијата
може да Ви помогне да ги видите работите од друга перспектива и да добиете одговор за
причината на Вашите негативни мисли и реакции кои Ви создаваат чувство на напнатост и
анксиозност. Со разбирање на сопствените саботирачки уверувања и потиснати
содржини, Вие го прекинувате кругот на негативно размислување и страв и ги градите
позитивните аспекти на Вашиот живот, што поттикнува промена на перспективата и
внатрешен мир.

 

Подобрување на концентрацијата и фокусираноста: Хипнотерапијата може да помогне во
подобрувањето на концентрацијата и фокусираноста така што го поттикнува умот на
насоченост кон посакуваните цели. Ова може да биде корисно за подобрување на
продуктивноста и постигнување на лични или професионални цели.

 

Зголемување на самодовербата и самопочитувањето: Ослободувајќи се од
ограничувачките уверувања и негативните образци, може да се постигне поголема
слобода и задоволство во животот. Хипнотерапијата може да помогне во изградба на
позитивен став за нас самите и да изгради поголема самодоверба и самопочитување.

 

Намалување на непосакувани навики: Хипнотерапијата може да биде корисна за
намалување или елиминирање на непосакуваните навики како што се пушење, коцкање,
прекумерното јадење или други деструктивни однесувања. Преку промена на
подсвесните уверувања и поттикнување на самоконтрола, може да се постигнат трајни
промени во однесувањето.

Нашиот процес на сеанса

  • Закажи термин

  • Сеанси

  • Постигни самодоверба

alt
alt

Имате прашања?

075-336-113

Закажете ја вашата
сеанса сега