Пон-Пет: 9:00 до 21:00
-
-
-
Валандовска 1 А-2 Т.Ц Хиподром Скопје
Пон-Пет: 9:00 до 21:00
Валандовска 1 А-2 Т.Ц Хиподром Скопје
100% Позитивно искуство
Данче Наумовска Пауновска - Хипнотерапевт
100% Позитивен резултат
Данче Наумовска Пауновска - Хипнотерапевт
100% Задоловлни лица
Данче Наумовска Пауновска - Хипнотерапевт
Хипнотерапијата нуди природен и безбеден пристап за решавање на различни предизвици:
Намалување на стресот и анксиозноста
Надминување на фобии и стравови
Прекинување на штетни навики (како пушење)
Подобрување на самодовербата и самопочитта
Контрола на болка и физички симптоми
Подобрување на квалитетот на спиењето
Со помош на хипнотерапија конечно ќе ги отстраните пречките кои ви стојат на патот. Кога ги знаете скриените причини за вашите проблеми, веќе сте направиле голем чекор кон исцелување.
Хипнотерапијата е многу ефикасен терапевтски метод за решавање на
психолошки, емоционални, физиолошки и проблеми во однесувањето кој дава многу побрзи резултати во споредба со класичната психотерапија. Во хипнозата, ја отвораме вратата на потсвеста и добиваме пристап до информации кои се клучни за разбирање на нашето однесување, нашите реакции и нашата перцепција на реалноста. Тоа се чувства, мисли и верувања кои се јавуваат најчесто во детството и се складирани во длабоките сфери на нашиот ум до кои немаме пристап поради големата активност на свесниот дел од умот.
Кога ќе го замолчиме свесниот дел и ќе дозволиме потсвеста да зборува, откриваме што всушност управува со нашиот живот.
И кога ќе станеме свесни за тоа што не ограничува да го водиме животот што го сакаме, веќе сме во позиција да промениме нешто конкретно во нашиот живот. Што е тоа што треба да го промениме ќе ни каже и потсвеста, нашето внатрешно дете, нашиот внатрешен компас, нашето тивко водство и нашиот сојузник. Бидејќи колку и да се чини дека потсвеста понекогаш ни го отежнува животот, вистината е дека таа секогаш работи во наша корист и за наше добро. Таа како мало дете е секогаш добронамерна и се што прави го прави од желба да не заштити и да ни помогне.
Токму оваа мотивација на потсвеста да ни помогне ја користиме во
хипнотерапијата за да добиеме одговори на прашањата кои не мачат, а тие одговори ги претставуваат решенијата со кои доаѓаме до посакуваната промена.
Со хипнотерапија, можете да постигнете длабоки и трајни промени, водејќи кон подобар и поисполнет живот.
Трае 2-3 часа, каде се идентификуваат корените на проблемот.
Создадена врз основа на сесијата, за секојдневно слушање и зајакнување на позитивните промени.
Минимум три месеци континуирана комуникација за следење на напредокот и прилагодување на процесот по потреба.
Длабока Интегративна Терапија (ДИТ) е метода од хипнотерапијата која се потпира на потенцијалот на подсвесниот и надсвесниот дел од умот за постигнување на вашата емотивна и психолошка трансформација. Преку дијалог со вас додека сте во состојба на хипноза, откриваме скриени, недостапни за свесниот ум, потсвесни програми кои се вистинскиот причинител на сегашните проблеми. Сите одговори ги добивате вие под мое водство. Откако ќе ги освестите негативните коренски уверувања и емоции, помагам да ги
менувате, и тогаш започнува патот на вашата внатрешна трансформација. Оваа метода е многу ефикасна во решавањето на широк спектар на проблеми, од анксиозност, депресија и фобии, до проблеми со самопочит и во односите.
Ако не сте сигурни дали она што ве мачи може да биде тема за хипнотерапија, слободно прашајте. Луѓето се изненадени што сè можат да постигнат со оваа метода. Клучот е во промената! Решението на проблемот е само природен резултат на вашата
внатрешна промена. Ако работите сè според добиените упатства, без исклучок (ја слушате снимката, ги следите упатствата на Вашето повисоко Јас и редовно се јавувате), ако нема никакви промени, се прави нова сесија која не се плаќа и во тој случај темата на која работиме е самосаботажа.
Хипнозата е исклучително пријатна состојба, состојба на физички и ментален мир и опуштеност. Поради неточните прикажувања на хипнозата во книгите и филмовите, луѓето мислат дека во хипнозата ќе ја изгубат контролата над своите чувства и над своето однесување. Всушност, се случува спротивното. Додека сте во хипноза, имате чувство на засилена контрола над сите свои способности. Комплетно сте свесни каде се наоѓате, што се зборува околу вас и способни сте да филтрирате информации кои ги добивате и да ги отфрлите оние кои не се во согласност со вашите морални начела. Со едно збор, никој не може да ве манипулира додека сте во состојба на хипноза. Во секој момент можете самостојно да излезете од хипнозата ако тоа го посакувате. Научно гледано, состојбата на хипноза се опишува како алфа состојба на мозочни бранови, кога брановите во мозокот се на пониска фреквенција, односно побавно работат. Оваа состојба е природна за нас и ја доживуваме секојдневно, исто како пред да заспиеме и пред будењето. Во алфа состојба сосема се природно сите деца до 7. години. Кога умот е силно заокупен со една активност и целосно фокусиран на неа, тогаш сме во алфа состојба, како на пример, кога читаме многу добра книга, возиме по автопат, медитираме или сонуваме. Една од одликите на алфа состојбата е зголемена сугестивност, односно зголемена подготвеност на нашиот ум да прифати позитивни идеи и сугестии. Таа способност ја користиме во хипнотерапија за да замениме дисфункционални информации од подсвеста со функционални и посакувани, за да изградиме тие образци на мислење кои ќе нè водат кон здрав и среќен живот.
Отворете го срцето и умот – хипнотерапијата почнува со слушање.
Валандовска 1 А-2 Т.Ц Хиподром Скопје
Зачленете се со вашиот е-маил
© Сите права се задржани 2025 ИВСОФТ ДИЗАЈН