Dance1
Данче Наумовска Пауновска

Хипнотерапија

Моето име е Данче Наумовска Пауновска, работам како хипнотерапевт по ДИТ методата - Длабока интегративна терапија, чии автор е Кармен Јерковиќ Јучел, која е воедно и мојата менторка, кралица на хипнотерапијата. Моето образование е дипломиран психолог, лиценциран психотерапевт од комора на психолози и психотерапевти, сертифициран Гешталт, ЕАГТ и ДИТ хипнотерапевт и работам во психотерапијата многу години наназад успешно со клиенти. Сè она што би можела да напишам овде за моето образование, стекнатите дипломи и завршените едукации не би објаснило зошто сум денес во улога на хипнотерапевт и зошто работата со хипнотерапија ја доживувам како мој повик. Мојот професионален пат немал и нема никаква врска со она што се мислело, планирало или сакало за време на моето школување. Секако, имало и убави и тешки работи, но навистина, се покажало дека сè е или благослов или лекција. И едното и другото ги добив на претек. Моите професионални успеси создаваа слика за мене која не ја опишуваше мојата внатрешна состојба. За жал, тогаш не знаев што всушност управува со мојот живот. Со психтерапијата растев, растеше моето сознание, отпаднаа некои предрасуди, видов дека може поинаку од она како што мислев дека мора, но сè уште ги чувствував моите внатрешни отпори. Тогаш сфатив дека нешто длабоко во мене не е како што треба и дека до решението можам да дојдам само ако се нурнам уште подлабоко во себе. По само една сесија, хипноерапија, дојдов до увид и разбирање за моите длабоко потиснати емоции и ограничувачки негативни уверувања кои биле причина за мојот недостаток на самодоверба. Фасцинираше колку е методата едноставна, а продира толку длабоко во подсвеста. Следејќи ги инструкциите што ги добив, со секој нов ден растеше и зајакнуваше довербата во мене самата, ослабуваа внатрешните отпори и саботирачките потсвесни уверувања. Се почувствував како целосно нова личност и посакав да ги проширувам тие чувства и да ги направам достапни за сите! По завршената едукација и подлабокото сознание за капацитетот на подсвесниот ум, експресно дојде интересот и желбата за помагање на другите луѓе. Денес скромно и со гордост истовремено кажувам дека сум хипнотерапевт. Работам со возрасни и деца, за да им помогнам во надминување на широк спектар на проблеми и предизвици. Предизвиците доаѓаат во многу форми и секогаш постои пат напред. Мојата желба е да им помогнам на луѓето да ги надминат своите лични предизвици, да им обезбедам алатки кои им помагаат да го направат тоа, како и поддршка. Денес сум јас таа личност која може да ви помогне да нурнете во вашата потсвест и откриете што е тоа што ве блокира да живеете живот каков што сакате. Сите одговори се во вас! 😊

DSC0240411

Хипнотерапија

Испратете ми порака

Бидете слободни да
стапите во контакт со мене

    Данче Наумовска Пауновска

    Хипнотерапија

    biografija3

    Рано забележав дека анксиозноста и депресијата се многу присутни состојби и дека се одговорни за несреќата на голем број луѓе. Сето тоа ме наведе да ја насочам целокупната своја внимание во наведениот правец. Денес со радост ги делам своите лични искуства, стекнати знаења и вештини со клиентите.

    Со голем ентузијазам со помош на хипноза помагам на тинејџерите и возрасните да ја откријат силата на својот подсвестен ум за да се справат со проблемите кои се заеднички предизвик.