Пон-Пет: 9:00 до 21:00
Имате прашања?
Пон-Пет: 9:00 до 21:00
Валандовска 1 А-2 Т.Ц Хиподром Скопје
Самата сеанса трае до три часа. Не мора да бидеме физички блиску – можеме да
работиме без оглед каде се наоѓате, важно е само да имате добра интернет врска и
камера. Работиме најчесто преку ЗУМ (zoom) или ТИМС (teams). За време на сеансата
треба да бидете сами дома. Не сакате да ве наруши било каков шум или бучава од станот,
ниту членови на семејството да слушаат што зборувате. За време на хипнозата сте сосема
свесни, само имате затворени очи. Не можете да ми кажете ништо што не сакате, не
можам да ви кажам ништо што не сакате.
Сеансата ја започнуваме така што ќе ве воведам во блага состојба на хипноза, која е
целосно будна, пријатна и опуштена.
Потоа следи регресија. Во овој чекор вашиот подсвесен ум покажува неколку сцени од
вашето минато (најчесто од раното детство) кои се поврзани со денешниот проблем. Кога
ќе ги добиеме причините, воедно ги добиваме и сите оние емоции и уверувања кои се
создале тогаш.
Потоа, се поврзуваме со надсвесниот ум (повикување на Високото Јас) кој дава точни
упатства што треба да правите секојдневно за да се вашиот проблем реши што е можно
поскоро, полесно и подолготрајно.
На основа на сè што е добиено во сеансата, работам за вас лична аудио снимка која
секојдневно ја слушате за да се новите образци цврсто укоренат во вашиот ум и за да се
подсвесниот ум репрограмира.
Доволна е една терапија за да се реши проблемот. Покрај примарниот проблем, се
решаваат и сите други проблеми кои имаат иста причина.
Наједноставно би било да се каже дека тоа е разговор, бидејќи во хипнозата сте свесни и
будни. Единствената разлика е во тоа што сите одговори доаѓаат од вашата потсвест, па
разговорот се одвива помеѓу вас, хипнотерапевтот, и вашата потсвест. Вие ќе се сеќавате
на сè по сесијата, но ќе имате впечаток дека изворот од кој доаѓаат информациите за
време на сесијата се разликува во однос на тоа како ја перцепирате вашата секојдневна
комуникација кога користите физички чула и логички ум. Наједноставно кажано, ќе имате
впечаток дека добивате информации од некаде 'внатре'.
На почетокот на нашиот состанок, ќе ја дефинираме вашата тема и накратко ќе
разговараме за тоа како таа се манифестира во вашиот живот. Ќе ви објаснам како ќе оди
процесот. Овој воведен разговор ви овозможува да се опуштите и да поставувате
прашања. Важно е да се чувствувате удобно и безбедно за да влезете во процесот со
доверба.
Потоа ќе ве запознаам со состојбата на хипноза, која е состојба на длабока физичка и
ментална релаксација која ќе ја поттикнам со помош на зборови. Ќе ги затворите очите,
но ќе бидете целосно свесни. Во хипнотичка состојба, не можете да ми кажете нешто што
не сакате, ниту можам да ви предложам да кажете или да направите нешто што не сакате.
Кога сте во хипноза, започнувам разговор со потсвесниот дел од вашиот ум. Ќе ги
истражиме длабоко вкоренетите емоционални и мисловни обрасци кои ги обликувале
вашите потсвесни верувања и придонеле за вашите проблеми. Информациите што ќе ги
добиеме ќе бидат клучни за разбирање на причините зошто темата со која се занимаваме
дојде во вашиот живот. Ова се највредните сознанија што ќе ги добиете во хипнозата.
Длабоката интегративна терапија е единствена по тоа што сите одговори доаѓаат од вас.
Тука сум да ве поврзам и да ве водам. Во последниот дел од сесијата ве поврзувам со
надсвесниот дел од вашиот ум (повисокото јас или над јас) и потоа добивате детални
инструкции и насоки кои ќе ви помогнат полесно и побрзо да го решите проблемот.
Откако ќе заврши целиот процес на истражување, ќе ве вратам во вашата будна состојба.
Тоа е време кога разменуваме впечатоци, разговараме за одговорите што ви ги дала
вашата потсвест и соодветно на тоа за чекорите што треба да ги преземете во наредниот
период за да дојде до промена, односно вашиот проблем да исчезне.
Валандовска 1 А-2 Т.Ц Хиподром Скопје
Зачленете се со вашиот е-маил
© Сите права се задржани 2025 ИВСОФТ ДИЗАЈН