октомври 27, 2025

Карл Густав Јунг

Во основата на секоја човечка болка, анксиозност или несигурност, постои нешто што се случило но не е целосно освестено. Тоа нешто, некогаш е потисната емоција, некогаш детски страв, а понекогаш едноставно дел од нас кој никогаш не сме го прифатиле. И токму таму, во тие длабоки слоеви на несвесното, се наоѓа изворот на сите наши автоматски реакции, шаблони и верувања.

Јунг го нарекуваше овој внатрешен свет Сенка, делот кој го криеме од светот, но кој сепак управува со нашето однесување. Сè додека не ја сретнеме нашата Сенка, ние живееме во поделба. Еден дел од нас сака промена, другиот се плаши од неа. Еден дел сака љубов, другиот не верува дека ја заслужува. И така, човекот се движи низ животот со чувство дека нешто го кочи, а не знае што.

Хипнотерапијата го отвора токму тој скриен простор на свеста. Таа не е техника на контрола, туку пат на враќање кон целината. Во состојба на хипноза, умот конечно престанува да се брани и она што било скриено, излегува на површината, но овојпат со сочувство и разбирање.

Во таа длабока внатрешна тишина, човекот не „губи контрола“, туку напротив конечно ја враќа.

Таму се сеќаваме на нешто многу постаро од сите наши трауми: дека во својата суштина сме светлина која само накратко заборавила на себе.

Јунг веруваше дека вистинското исцелување не доаѓа од некој надворешен авторитет, туку од средбата со своето сопствено несвесно. Тоа е моментот кога душата го презема кормилото.

Затоа хипнотерапијата не е само техника таа е иницијација, процес на будење на онаа потисната свесност што долго чекала да биде видена.

И кога конечно ќе ја слушнеме својата потсвест, сфаќаме дека исцелувањето не е пат кон некој нов човек, туку враќање кон оној што отсекогаш сме биле.

Posted in: Uncategorized

Остави коментар