мај 8, 2025
Хипнозата е тема обвиена со мистерија. Од филмови до медиуми, често се прикажува како нешто магично или манипулативно. Но што е вистина, а што не?
❌ Мит: Ќе изгубам контрола
✅ Вистина: Во хипноза сте свесни за сѐ што се случува и не можете да направите ништо против вашата волја.
❌ Мит: Хипноза е како спиење
✅ Вистина: Телото може да изгледа опуштено како во сон, но умот е свесен, фокусиран и отворен.
❌ Мит: Само некои луѓе можат да бидат хипнотизирани
✅ Вистина: Секој што сака да биде хипнотизиран и е отворен за процесот, може да влезе во состојба на хипноза.
❌ Мит: Ќе заборавам што се случувало
✅ Вистина: Во повеќето случаи клиентите се сеќаваат на целата сесија.
❌ Мит: Хипноза е опасна
✅ Вистина: Кога се изведува од обучен хипнотерапевт, хипнозата е безбедна и природна техника.