Пон-Пет: 9:00 до 21:00
Имате прашања?
Пон-Пет: 9:00 до 21:00
Валандовска 1 А-2 Т.Ц Хиподром Скопје
Хипнотерапија по ДИТ методата (Длабока Интегративна Терапија) претставува моќен алат за подобрување на менталното здравје, надминување на предизвиците и постигнување на посакуваните промени во животот. Во правилото, еденa сеансa е доволнa за решавање на проблемот. Не ви се потребни години приказни и терапија за да дојдете до причината, а потоа години за да го решите вашиот проблем. Во ДИТ методата, една сесија е доволна за да стигнеме до причината за проблемот, односно да ги откриеме коренските емоции и уверувања кои се вградени длабоко во вашата потсвест, а кои управуваат со вашиот живот, со оние образци на мислење и однесување кои ве довеле до сегашниот момент во кој имате проблем. Свесниот дел не знае ниту може да претпостави од каде всушност доаѓа проблемот, па затоа работата со свесниот дел дава многу ограничени и бавни резултати. Напротив, работата со несвесното е лесна, делотворна и брза. Кога ќе дознаеме од каде доаѓа вашиот проблем, работиме на тоа да ги менуваме негативните потсвесни уверувања кои се создадени, односно причината, а со тоа ја менуваме и последицата, односно го постигнуваме посакуваниот резултат.
На една сесија можеме да се занимаваме само со една тема. Темата е она што ве мачи и за вас претставува проблем, она што сакате да исчезне од вашиот живот. Бидејќи логиката на потсвеста е различна од логиката на свеста, она што за вас е проблем, за потсвесниот ум претставува решение, односно начинот на кој ви помага подсвеста. Тоа многу убаво се гледа преку процесот на поврзување со темата, што е еден од сегментите на хипнотерапевтската сесија. Кога ќе сфатите како ви помага потсвеста, ќе ви стане совршено јасно што е тоа што не го правите за себе и како тоа можете да го промените.
За успешноста на хипнотерапијата, најважна е вашата мотивираност да го решите проблемот и подготвеноста да се менувате.Клучот е во промената! Решението на проблемот е само природен резултат од вашата внатрешна промена.
Со главниот проблем, се решаваат и сите други проблеми кои имаат иста причина. Овој облик на терапија користи хипноза за да се постигне длабока опуштена состојба и да се овозможи пристап до најважниот дел од нас, нашата подсвест во која е се складирано. Потсвеста ги знае сите одговори и со нејзина соработка ние доаѓаме до причината на проблемот.
Без разлика дали сте во потрага по решение на конкретен проблем или сакате да истражите подлабоки слоеви на вашиот ум, хипнотерапијата може да биде корисен алат на вашиот пат кон личен раст, самодоверба и внатрешен мир. Искусете ја моќта на вашиот ум преку хипнотерапија и отворете ги вратите кон нови можности.
Сесија во траење од 2-3 часа, поврзување со Повисокото Јас, хипнотичка снимка која ја работам лично за Вас на основа на сите информации добиени во сесијата, минимално три месеци следење (го следам Вашиот напредок).
Дополнителни плаќања нема.
Во контакт сме најмалку три месеца. Редовното јавување е задолжително, за да можам да реагирам ако забележам дека е потребно.
Ако работите сè според добиените упатства, без исклучок (ја слушате снимката, следите упатства на Вашето Повисоко Јас и редовно се јавувате), и ако не би имало никакви промени, се прави нова сесија која не се плаќа и во тој случај темата на која работиме е самосаботажа.
Валандовска 1 А-2 Т.Ц Хиподром Скопје
Зачленете се со вашиот е-маил
© Сите права се задржани 2025 ИВСОФТ ДИЗАЈН